Назад на Najdi!

Упатство за користење на НАЈДИ!



При пребарувањето можете да користите логички конструкции со and, or и not, како и да користите загради. Исто така можете да користите наводници за да наведете фрази за пребарување, како и џокер (*) на крајот на зборот за да барате повеќе зборови. Примери за користење можете да најдете во следниов текст.

Најди! не разликува мали и големи букви и пребарува исклучиво кирилични и латинични букви, како и бројки. Сите други знаци се игнорираат.


Внесување на кирилични букви

Освен пребарување со кирилична поддршка, можете да пребарувате и со латиница, при што ќе добиете резултати и од кирилични и од латинични страници. За „нашите“ букви користете: ѕ-dz, њ-nj, љ-lj, ш-s, ч-c, ж-z, ќ-k, ѓ-g.

Внимание: пребарувањето на кирилични текстови при внес на латиница се вклучува само кога ниту еден клучен збор не е напишан на кирилица. Пример: [zelen zad] ќе врати страници кои содржат „зад“ или „жад“ или „zad“, додека [зелен zad] ќе врати само страници кои содржат „zad“.

Првобитната можност за конверзија на латиничните букви можете да ја најдете во листата на дополнителни опции за пребарување. За таа опција постојат други парови за конверзија: ѓ-gj, ж-zh, ѕ-dz, љ-lj, њ-nj, ќ-kj, ч-ch, џ-dzh, ш-sh, или со користење на застарените YUSCII знаци ~ ` { } x, итн.
Доколку сакате да напишете збор кој содржи некоја од горните комбинации на букви на кирилица, внесете „$“ помеѓу двете букви. Пример, доколку напишете „podzina“, тогаш зборот на кирилица ќе биде преведен како „поѕина“. За да добиете „подзина“, напишете го зборот како „pod$zina“.



Разлика помеѓу Најди! и стандардните пребарувачи

При користењето на Најди! имајте на ум дека принципот на работа на пребарувачот е темелно напредно индексирање на ограничен број на сајтови (листата на индексирани сајтови е прикажана на почетната страница) а не класично индексирање на што повеќе сајтови. Исто така, релевантноста на одредени страници се одредува исклучиво според честотата на зборовите кои се пребаруваат, а не и според линковите кон тие страници, што значи дека популарноста на дадените страници не игра улога при рангирањето. На ова поле веројатно нема да има големи промени во догледна иднина бидејќи пребарувачот ќе дава приоритет на зголемувањето на бројот на индексирани страници во споредба со зголемувањето на квалитетот на рангирањето.